недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 1

Еве кои жени се најдобри за брак според хороскопот

brak

Поврзани вести

Сите жени се добри, но сепак некои се подобри и од најдобрите. Дознајте зад кој хороскопски знак се кријат надобрите жени за брак!

Рак

Еднаш кога ќе ја освоите жената родена во знакот Рак, таа ќе ве сака речиси безусловно и ќе биде подготвена со вас или поради вас  да оди дури и на крајот на светот. Нејзините чувства се секогаш интензивни. Со неа ќе дознаете што значи покрај себе да имате вистинска жена. Таа е подготвена да направи се’, за нејзиниот партнер да биде најсреќниот човек на светот.

Со оглед на тоа што е склона на драматично доживување на се’ во животот, со неа постојано ќе имате театар во домот. Но, тоа е мала цена која што треба да ја платите за животот во оаза. Таа постојано ќе ве изненадува со највкусната храна и со удобноста на внимателно опремениот дом.

За неа децата се најсветото нешто и секогаш нивните потреби ќе бидат пред нејзините. Се што очекува од вас е да ја галите, да внимавате на неа и да бидете искрени.

Лав

Лавиците се силни и експлозивни, вистински жени – воини. Таа е жена со неверојатна сила и способност, но сепак и треба помош ако неможе сама да ја отвори вакумираната тегла.

Таа бара некој што е еднаков со неа, па покрај неа никако нема да бидете обичен човек, туку супермен! Ќе ја обожавате затоа што таа никогаш нема да мора да направи нешто посебно за вие да ја обожавате и секогаш ќе се прашувате во што е финтата?

Се’ што прави за вас, таа го прави со целото свое битие. Нема да сретнете ниту една жена која повеликодушно ќе ве сака од неа. Кога бара нешто, секоја нејзина желба за вас е заповед. Со неа ќе сфатите што е несебична и вистинска љубов.

Таа за нејзините деца се бори како лавица. Секогаш ќе биде тука и секогаш ќе биде внимателна. Тешко на оние што ќе ги натажат или ќе им кажат нешто грдо. Од вас бара само да ја обожавате!

Јарец

Пред оваа жена секој би паднал на колена, па зошто не и вие? Таа е силна и може да поднесе се, а додека вложува натчовечки напори за да го реализира она што го замислила нема да забележите ниту една капка пот на нејзиното благородно чело.

Она што просечниот маж одвај ќе го заврши, оваа дама може да го направи толку ненаметливо и достоинствено што ќе се запрашате дали воопшто сте достојни за неа? Ако заклучите дека сте, бидете сигурни дека вашата љубов ќе гори постојано.
Нејзината одговорност, должност и посветеност ќе ја одржат љубовта. Со неа секој ден станувате се подобар и подобар, додека еден ден не сфатите дека таа ве претворила од жаба во принц. Таа не живее во илузии, туку секогаш стои цврсто на земја и добро знае што и од кого може да очекува.

Ако сте успеале да ја привлечете оваа жена, а се прашувате како сте успеале во тоа, тогаш треба да знаете дека можеби таа подобро ве гледа вас отколку што вие се гледате самите себе си. Таа знае колку вредите и ќе даде се од себе од вас да го извлече само најдоброто.

Жените јарци се строги мајки, но праведни. Се што бараат од вас се карактер и истрајност, а ако не знаете како да го направите тоа, тие ќе ве научат, само следете го нивниот пример.

Најчитани вести