Еве кој гласаше за двојазична Македонија!

Пратениците на СДСМ во Собранието гласаа за потреба за носење на закон за двојазичност во целата држава, кој е противуставен.

За двојазична Македонија гласаа пратениците на СДСМ меѓу кои Пендаровски, Локвенец, Тунтев, Богоевски, Туфегџиќ.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, уште пред гласањето истакна дека неговата партија ќе гласа против бидејќи сметаат дека законот е противуставен и е дискриминаторски кон македонскиот јазик и останатите јазици кои ги говорат граѓаните во Македонија.

– Ние нема да гласаме за потребата од донесување на овој закон. Ќе ги разгледаме сите демократски постапки во следнта фаза да се отстранат слабостите во овој закон, рече Димовски.

Амандманите за Предлог-законот ќе се разгледуваат на Комисијата за европски прашања, бидејќи законот е со европско знаменце. Потоа законот во второ читање ќе оди повторно на пленарна седница на дебата по што ќе следува финално изјаснување на пратениците по текстот.

Еве како пратениците се изјаснија за овој неуставен закон:

Пратеникот на СДСМ, Павле Богоевски кој лажно се претставуваше како независен борец за права, неодамна имаше сосема различно размислување на оваа тема.  Директно кажано, тој бесрамно лажеше јавно, но денес гласаше ЗА Македонија да стане двојазична.