Магазин

Еве кој ќе настапува на фестивалот „Слободна зона“

Еве кој ќе настапува на фестивалот „Слободна зона“

Во недела со почеток од 20:00 часот со Диџеј Че  со хип-хоп музика стартува музичкиот фестивал „Слободна зона“ (Free Zone) под мостот „Близнаци“ покрај кејот на реката Вардар во Ново Лисиче.

По настапот на Диџеј Че, на фестивалот од 21:00 часот ќе настапи бендот Фјучр Инк“ од 22:45 часот свој рок настап ќе има Марко Логаут, за потоа од 00:30 часот атмосферата да се загрее со Бора Чорба. Потоа до раните утрински часови свој сет ќе има Диџеј Ник Капа.

Влезот на музичкиот фестивал, чиј покровител е Општина Аеродром, е слободен за сите посетители.