Магазин

Еве која е разликата меѓу машкиот и женскиот мозок!

Еве која е разликата меѓу машкиот и женскиот мозок!

Како што тврдат научниците, невроните во машкиот и женскиот мозок  различно се повразни. Со тоа се објаснува разликата во способностите и вештините меѓу половите.Поради ова, мажите и жените постигнуваат подобри резултати на различни полиња и активности, наведуваат американските истражувачи.
Како што пренесува Би-Би-Си групата научници од Универзитетот во Пенсилванија го скенирале мозокот на околу илјада мажи, жени, момчиња, девојчиња и откриле фрапантни разлики. Имено, машкиот мозок е поврзан од напред кон наназад, со многу малку врски меѓу двете хемисфери. Кај жените пак, левата и десната хемисфера се поврзани со сплет на нерви.
Овие разлики објаснуваат зашто мажите генерално се подобри во учење и извршуваење на заеднички активности, додека жените пак се подобри во извршување на повеќе задачи истовреме, се наведува во студијата на Националната академија на науките.

Авторот на студијата др.Рубен Гур смета дека неверојатно е колку мозокот на мажите и жените е комплементарен.

„Со детална споредба на мапите на мозокот, (мапи на мозокот кои се засновуваат на врските меѓу секој неврон) не само што ќе ни помогне подобро да ги сфатиме разликите во начинот на размислувањето на мажите и жените, туку ќе даде увид во корените на невролошките пореметувања кои често се врзани за одреден пол,“ истакна тој.