Еве колку чинат патарините до туристичките дестинации…

Од 100 денари до 30 евра во еден правец. За оние кои патуваат на одмор со сопствено возило значајна е информацијата колку пари ќе потрошат на патарини за да пристигнат до својата крајна дестинација.

ТВ Нова утрово правеше анализа на оваа тема. Ако се земе Скопје како место за старт на патувањето, бројките се следни:

Истанбул- 11 евра во еден правец

istanbul

Атина- 30 евра во еден правец

the-parthenon-the-acropolis-athens-greece_main

Крф- 7 евра во еден правец

84Max

Албанија- релација преку Грција до Саранда 11 евра, преку Струга 2 евра

Saranda_Albania

Во Македонија има вкупно 9 патарини. Од Скопје:

Кон Дојран- 180 денари во еден правец

dojransko-ezero-500

Кон Охрид и Преспа има две опции. Едната е да се оди преку Е75, каде има три патарини и ќе потрошите 140 денари, а втората е преку Тетово и Гостивар, односно 4 патарини, што ќе ве чини 180 денари во еден правец.

Ohrid

Повеќе информации околу патарините и патувањата, можете да најдете на страната на АМСМ.