Верувале или не првобитниот актерски тим во познатата серија „Сексот и градот“ бил сосема поинаков и да останел во тој состав најверојатно денес серијата немало да го има тој успех.
Првобитно, улогата на Кери Бредшо и била доделена на актерката Кристин Дејвис, која отстапила затоа што не се пронашла во познатиот лик, но на крајот ја добила улогата на Шарлот.
Сепак, ниту по ова, улогата на познатата колумнистка од Њујорк не заминала веднаш во рацете на Сара Џесика Паркер. Втора среќа била познатата телевизиска актерка Дана Делани, на која не и се допаднал концептот на серијата затоа што во минатото толкувала премногу улоги поврзани со секс.
Дури по ова Сара Џесика ПАркер ја добила улогата, но ниту тогаш не одело се како подмачкано. Таа прво ја прифатила улогата но потоа се предомислувала и се обидувала да се извлече од проектот.