Еве на кои патни правци се укинати забраните за тешки товарни возила

Забраните за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-крак Маврово-Дебар и на планинскиот премин Ѓавато се укинати.

Доколу има нов бран на врнежи од снег на територија на Р.Македонија во текот на денешниот ден, како што е најавено, координативното тело на Министерството за транспорт и врски донесе нови мерки и доколку снегот е со голем интензитет ќе се воведе забрана за движење на тешки товарни возила и автобуси на патните правци, особено на потегот од Гостивар кон Охрид  и обратно.

АМСМ ги советува сите граѓани за задолжително поседување на зимска опрема во моторните возила и доколку им се потребни информации за состојбата на регионалните и магистралните патни правци да не контактираат на 155 55, а доколку им е потребна помош на пат или шлепување да не контактираат на 196.

Сите граѓани кои имаат паметни телефони – достапна им е и нашата АМСМ мобилна апликација и веб страната на www.amsmspi.mk