Еве од каде се студентите што загинаа во страшната автобуска несреќа

Властите во Шпанија ги објавија националностите на студентите што загинаа во страшната автобуска несреќа што вчера се случи во Шпанија.

Во несреќата што се случи на патот во близина на Тарагона во северно-западниот дел од земјата, загинаа 13 лица: 7 од нив се Италијанци, двајца Германци, еден Романец, еден Французин, еден Узбекисатенц и еден Австриец. Хорди Хане, каталоснкиот министер за внатрешни работи рече дека три лица кои што се повредени во несреќата и понатаму се во сериозна здравствена состојба.

Најголемиот дел од ѓртвите кои биле на возраст од 22 до 29 години биле студенти на размена од програмата Еразмус.

Во несреќата се повредени најмалку 30 патници.

Според првичните информации возачот на автобусот изгубил контрола над возилото, преминал во другата лента и се судрил со друго возило.

Возачот е преживеан и кај него не се најдени знаци на присуство на алкохол и дроги. Тој цели 17 години возел за компанијата и никогаш претходно немал несреќа. Тој требаше денес да се појави на распит пред суд, но поради преживеаниот напад на паника, бил пренесен во болница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.