Магазин

Еве што гледаат луѓето пред смртта

Еве што гледаат луѓето пред смртта

Група научници од њујоршкиот колеџ Кансиус потврдиле дека речиси сите луѓе на смртна постела ги гледаат своите покојни пријатели или роднини.

Феноменот познат како „визија или соништа на смртта“ е добро документиран низ историјата и тоа во различни култури, а научниците не навлегувале во тоа дали луѓето на смртна постела всушност тоа го доживуваат, дали има тука нешто паранормално или пак сето тоа е игра на мозокот, туку на тоа какво е влијанието.

Се утврдило дека визиите имаат благотворно дејство врз психата на оној кој се подготвува за смрт, односно дека таквите визии им помагаат при преминувањето од една страна на друга.

Научниците до тој заклучок дошле секојдневно разговарајќи со 66 пациенти кои го чекале својот крај, па откриле дека повеќето од нив имале барем една таква визија во текот на денот. Половина визија им доаѓала на сон, а секој од нив им делувала неверојатно реална.

Визиите можат да се појавуваат со месеци, седмици, денови, па дури и неколку часа пред смртта и воглавно го ублажуваат стравот од смрт, односно помагаат при транзицијата на оние кои кои ги доживуваат, напишале научниците во својот труд.