Еве што ќе се случи ако го сокриете роденденот на Фејсбук

Наједноставниот начин да откриете кои се вашите вистински пријатели е да го сокриете својот роденден на Фејсбук. Еве и зошто:

Луѓето на кои сте им важни ќе се сетат на вашиот роденден

Тие кои ве познаваат и вистински се грижат за вас, ќе се сетат на вашиот роденден и без помош на друштвените мрежи. Ќе се изненадите кога ќе сфатите дека тоа се луѓе со кои долго не сте биле во контакт токму затоа што немат Фејсбук. Прекрасно е да знаете дека некој се сетил бидејќи сте му важни, зар не?

За својот роденден правете работи кои ги сакате

Кога на Фејсбук профилот ви се гледа роденденот, веќе од полноќ сте натрупани со роденденски честитки и пораки, поради што константно ги проверувате нотификациите. Ако го сокриете датумот на раѓање, помалку луѓе ќе ви честитаат и помалку време ќе поминете пред мобилен или компјутер.

Ќе ја одбегнете краткотрајната среќа

Роденденските честитки на Фејсбук можеби ќе ве усреќат на неколку секунди, но ако тој ден бидете опкружени со луѓе кои ги сакате, тоа вас многу ќе ве исполни. Вистинското задоволство не доаѓа со друштвените мрежи.

Ќе ја зајакнете вашата поврзаност со вистинскиот свет

Кога ќе се препуштите на модерните технологии, ќе ја загубите поврзаноста со вистинскиот живот. Престанете постојано да проверувате кој ви честитал роденден на Фејсбук и не размислувајте на фотографиите кои ќе ги поставите на ѕидот, туку посветете им се на луѓето кои ве сакаат во вистинскиот свет.

Кога ќе се одлогирате од Фејсбук, ќе престанете да се прикажувате како некој што не сте само за да добиете повеќе лајкови. Во реалноста ќе го покажете своето вистинско ЈАС.