Еве што прво гледа мажот, кога жената ќе се соблече

Не, не е целулитот, ниту стриите. Не станува збор за ништо од она што е ноќна мора за повеќето жени.

Жените се во состојба, пред првиот секс со новиот партнер, да потрошат часови на подготовки кои подразбираат фризер, депилација, маникир, педикир, мачкање со креми, бирање долна облека…

Во желбата да бидат совршени, жените навистина се трудат околу својот изглед за првиот секс. Меѓутоа, многу од нив не знаат дека мажите, во таа прилика, прво гледаат нешто сосем друго, за што не се потребни часови за дотерување, ниту пари.


„Ставот е на прво место“, изјавиле мажите во истражувањето кое го пренесува „Woman’s Health”. Нив им е важно како се однесува жената кога е гола, колку самодоверба има, дали ужива во сексот.

Мажите, едноставно, го сакаат женското тело без оглед на тоа дали е совршено или не. Ја сакаат жената која дава и возвраќа бакнежи, која има иста енергија како мажот со кој е во кревет, но и која знае да преземе иницијатива.


Исто така, потезите кои ги прави жената, на мажите им се многу поважни од стриите или целулитот. Кажале дека сакаат кога ќе видат дека жената е опуштена и предадена, кога со потези им покажува колку ужива, кога е подготвена на различни пози и експериментирање.

И на крај, кога жената ќе се соблече гола, мажите и понатаму гледаат во нејзините очи, верувале или не. Велат дека очите се секси како и се друго, дека можат да ги разоружаат, а гледањето право во очи во текот на сексот е афродизијак.