Еве во чии прегратки е Ирина Шајк

По се изгледа убавата Русинка повеќе не страда за своето поранешно момче Кристијано Роналдо.

Ако во приватниот живот не и’ цветаат ружи, на работен план на Ирина навистина и’ оди. Имено, таа се појави во новиот спот на Марк Антони и Ромео сантос за песната „Yo Tambien“.

Во шестминутниот видео спот Ирина ја има главната улога на жената која се вплеткува во незгоден љубовен триаголник помеѓу двајцата згодни латино пејачи.