Еве зошто да не го откривате бројот на сексуални партнери!

Трејси Кокс, авторката на бројни изданија на тема сексуални односи, ги советува жените зошто никогаш не би требало да му признаат на сегашниот партнер со колку мажи спиеле пред него.

Трејси вели дека повеќето жени кои навршуваат 30 години велат дека спиеле со 10 партнери. Одговорот не се менува ни кога се една деценија постари, или имале неколку сериозни врски оттогаш.

Според неодамнешно истражување, просечниот број на партнери во текот на животот е осум во женскиот случај, а дванаесет кај мажите.

Сепак, Трејси смета дека сведувањето на сексуалните искуства на една бројка не смее да постои, бидејќи тоа ги прави жените промискуитетни во машките очи. „Една жена имала 26 партнери, што значи двајца годишно од нејзината 17-та година и во главно била сингл. Друга жена за време на годишниот одмор спиела со осум мажи, додека нејзиниот сопруг останал дома“, ја објасни Трејси разликата меѓу нив, додавајќи дека со обичен број на партнерите ја бришете емоцијата и околностите во кои тие ви се случиле.

Сметајќи дека ќе бидете осудувани со било кој број што ќе го дадете, Трејси ве советува на ова прашање никогаш да не давате одговор, без разлика дали ви го поставува партнерот, пријателите или родителите (исклучок се психологот или гинекологот).

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.