Свет

Еве зошто копилотот го урна авионот и однесе во смрт 149 лица

Еве зошто копилотот го урна авионот и однесе во смрт 149 лица

Младиот копилот на „Џерманвингс“, Андреас Лубиц најверојатно поминувал низ лична криза во моментот кога одлучил да го собори „Ербасот А320“.

Германските медиуми пишуваат дека 28-годишниот копилот се борел со емоциите и депресијата по пропаднатата љубовна врска. Се верува дека токму тоа било причината за уривањето на авионот во Алпите за време на летот од Барселона до Дизелдорф, при што со себе во смрт копилотот однел уште 149 луѓе.

lubic1

Освен тоа, на виделина излезе информацијата дека Лубиц страдал од депресија, од која се лекувал 18 месеци. Тоа било во периодот 2009-2010 година, а за тоа време копилотот не летал.

Наводно следната година требало да биде најсреќната во неговиот живот, бидејќи требало да се ожени, но девојката го оставила.

Меѓутоа, ниту неговите најблиски не забележале дека со него нешто не е во ред, како и дека младиот Германец би можел да стори вакво нешто.

Новата теорија за тоа како дошло до несреќата се појави неколку часа подоцна, откако полицијата која ја истражува несреќата, објавила дека дошла до вакви сознанија. Полицијата претходно извршила претрес во неговиот стан во кој живеел со девојката, но не обелоденила како дошла до заклучок дека љубовната разделба е причина за страшната трагедија. И истражителите се прилично таинствени, велат дека нашле „значајна трага“, но дека тоа не е проштално писмо.

lubic2

Да се потсетиме, шефот на Лубиц вчера призна дека копилотот не требало да лета, но и дека ги поминал сите тестови на кои бил подложен. Откриено е дека тој страдал од депресија и физичка исцрпеност како последица на стрес, што наводно го кочело во кариерата.

Лубиц пред шест години имал „сериозна епизода на депресија“ и поминал година и пол на психијатриско лекување, пишува „Билд“, цитирајќи ги интерните документи и извори од Луфтханза. Тие документи ќе бидат проследени до француските истражители, откако ќе бидат прегледани од германските власти.

Истражителите велат дека единствена ненормална работа кај Лубиц било тоа што тој бил совршено нормален.