Еве зошто престанува вљубеноста

Да се сака некој е најубаво можно чувство што може да ви се случи. Емоциите кои ве врзуваат ви предизвикуваат насмевка, но и создаваат чувство на среќа и возбуда, што е непроценливо. Но со годините емоциите опаѓаат, огнот се гаси и љубовта од првобитен облик исчезнува и постанува сосема нешто друго.Понекогаш се прашуваме, зошто љубовта не трае вечно. Еве неколку одговори:

Ви здосадува тоа што секогаш е достапно

Тешко е да се каже зошто сме такви. Можеби затоа што сме само луѓе. Сетете се колку пати ви се пријадело чоколадо и сте имале впечаток дека ќе изедете барем два килограми. Ќе изедете две коцки и ќе се заситите. Ако немавте чоколада дома, желбата ќе станеше уште поголема. Слично е и во врската, ако нешто е постојано достапно, секогаш мислiте дека можете подобро, поразлично, поинтересно. Некако помалку го цените она што го имате и ги земате работите здраво за готово. Тоа не е во ред. Така се дистанцирате, не размислувајќи за последиците. Убедени сте дека секогаш се ќе ви прости, бидејќи цело време е околу вас.

Тишина во врската

Ако не сте личност која сака да расправа за проблемите кои ве измачуваат, време е тоа да станете. Ако намерно избегнувате расправии во врската, тогаш сте на сигурен пат на одљубување.Ако не ве интересира дали односот ви е во ред или не, со една нога веќе сте излегле од врската.

Луѓето се менуваат

Со тек на време, луѓето се менуваат, а со тоа се менуваат и нивните навики и интереси. Тоа е во човековата природа. Но, понекогаш и не се менуваме, туку едноставно престануваме да глумиме да се покажеме во вистинско светло, што повторно е промена. Ако не можете да ги прифатите промените кај партнерот, ќе ви биде тешко да ја продолжите врската.

Може да сфатите дека немате слични теми за разговор, односно дека не ве интересираат исти работи. Тогаш возбудата експресно исчезнува и почнува да исчезнува хемијата. Но, ако на еден од партнерите им е до врската, морате да се потрудите тоа и да го покажете. Разговарајте, сфатете дека треба да ги цените постојано достапните работи и потрудете се да најдете искра која ќе го запали пламенот. Како што е возможно постепено одљубување, возможно е и постепено заљубување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.