Секс

Еве зошто треба денот да го започнете со секс

Еве зошто треба денот да го започнете со секс

За голем број од нас звукот на алармот наутро е најнепријатен од сите останати, но, наместо да го одложувате алармот и да се вратите на спиење, започнете го денот со секс.

Луѓето што го започнуваат денот со секс се поздрави од оние што едноставно се одлучуваат за шолја за чај, кафе и појадок, а потоа одат на работа.

Утринскиот секс доведува до лачење окситоцин што предизвикува добро расположение и интимно ги поврзува двојките.

Освен фактот дека редовниот утрински секс ги „полни батериите“ за целиот работен ден, тој помага и во зајакнување на имунитетот.

Верувале или не, сексот ве штити од настинка и грип, го подобрува здравјето на косата, кожата и ноктите. Утринскиот секс барем три пати неделно во голема мера го намалува ризикот од инфаркт и мозочен удар.