Еве зошто жените изневеруваат

Aко сте мислеле дека заветувањето пред Бога или матичар засекогаш ќе врзе некоја дама со себе, така што без било каков труд од своја страна можете да очекувате дека ќе ви биде верна додека смртта не ве раздели, многу сте се излажале. Мнозинството мажени прељубнички имаат исти мотиви за неверство, а за тоа се виновни нивните мажи.

Ако им се верува на дамите кои за малку забава надвор од бракот партнери пронаоѓаат на веќе озогласениот прељубнички портал „Ешли Мадисон“, големо мнозинство од нив изневеруваат бидејќи нивните сопрузи веќе долго време не сакаат да водат љубов со нив.

Како што се покажало, бракот или долга врска во која со години нема секс погодува секоја петта дама. Затоа, ако не сакате вашата дама да ви „набие рогови“, потрудете се повторно да ги разгорите згаснатите страсти во спалната соба и да и’ дозволите задоволство кое нема долго да го заборави.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.