Еве зошто жените не доживуваат оргазам…

Емили Нагоски, автор на книгата „ Come As You Are”, објаснува кои се главните причини поради што жените тешко можат да доживеат оргазам и како тоа да го унапредат.

„Не постои ништо за што луѓето не ме прашале. Загрижени се за обликот на своето тело, обликот на градите, салото на телото… Критикувањето на своето тело веројатно е наголема пречка за целосно сексуално задоволство кај жените“, вели Нагоски.

Жените често и’ поставувале прашање и за оргазам. Дури 12 отсто од жените до 28 години никогаш не доживеале оргазам, или не се сигурни дека некогаш доживеале.

Нагоски вели дека голем дел од работите кои не’ учат за сексот, за тоа како треба да изгледа сексот, какво е чувството, се погрешни.

„Кога им објаснуваме на децата што е сексуалност, не е толку битно што им зборуваме, колку што е битно да сме смирени и добро да се чувствуваме, така што тие да почувствуваат дека сексот е нешто во што се ужива, а не нешто од што треба да се срамат или плашат“, додава Нагоски.