вторник, 10 јануари 2017  |  Вести денес: 36

Еве зошто не треба да ги фрлате старите хулахопки

Ако не сте од оние луѓе што без проблем ги фрлаат нештата и сакате да најдете корисни начини за искористување на се и сешто во вашиот дом, овие идеи сигурно ќе ви се допаднат.

hulahopki-stari-skinati

Поврзани вести

Ако не сте од оние луѓе што без проблем ги фрлаат нештата и сакате да најдете корисни начини за искористување на се и сешто во вашиот дом, овие идеи сигурно ќе ви се допаднат. Така на пример, еве неколку причини зошто не треба да ги фрлате старите хулахопки.

  1. Кога сакате да најдете некој мал предмет, на пример обетка

Уверени сте дека обетката или некој друг мал предмет ви паднал зад мебелот. На цевката на правосмукалката ставете стара хулахопка, прицврстете ја со ластиче и почнете да усисавате. Би требало брзо да го најдете бараниот предмет, а правосмукалката нема да го собере, туку ќе остане на хулахопката.

  1. За чување украсна хартија

Украсната хартија едноставно можете да ја ставите во исечена ногавица од хулахопки и на тој начин ќе се осигурате дека ролната нема да се одмота, а хартијата нема да се оштети.

  1. За собирање влакна од милениците

Замотајте ги старите хулахопки во топка и со неа поминете врз мебелот. На тој начин брзо и едноставно ќе ги остраните влакната што вашиот миленик ги оставил на мебелот.

Најчитани вести