Еве зошто не треба да слушате музика на работното место

Ако се чувствувате попријатно додека слушате музика и имате впечаток дека сте попродуктивни, тоа не е точно.

На многумина додека работат слушалките им се во уши. На тој начин освен што се дистанцираат од бучавата и од галамата, го подобруваат расположението и генерално мислат дека подобро работат. Но, дали некогаш сте се запрашале, што се случува со мозокот додека слушате музика?

Бизнис Инсајдер во потрага по одговор го контактираше Даниел Левитин, координативниот невропсихијатар и автор на книгата „Ова е твојот мозок на музика“.

-Попријатно ви е кога слушате музија и на тој начин чувствувате дека сте попродуктивни, вели Левитин кој е музичар.

Но, вистината е дека сепак сме помалку продуктивни. Тој укажува на голем број студии според кои нашата работа на интелектуалните задачи (размислување, читање и пишување) опаѓа кога слушаме музика. Една студија од 2010-тата година покажува дека луѓето полошо помнат ако имало музика во заднина во споредба со оние што работат во тишина.

Но каде е златната средина? Во слушањето музика 10 до 15 минути пред да почнете да работите.

Левитин појаснува дека кога слушаме музика, ние уживаме, подобро сме расположени и релаксирани. Нашиот мозок лачи невротрансмитер, што ни дава „топло чувство на задоволство“. Исто така, се лачи и невротрансмитерот серотонин, што ни го крева расположението и ни помага да се фокусираме.

За жал, како што вели тој, слушањето музика ни одзема дел од капацитетот за внимание, што значи дека ако слушате музика додека работите, имате помалку интелектуални ресурси за извршување на работните задачи. Исклучок се досадните, повторливи задачи, како што се долгите возења. Овде музиката дури е и мошне корисна, затоа што ни помага да се фокусираме.

Тој вели дека научното истражување за музиката и продуктивноста го применил и врз сопствениот живот. Кога учи, чита или пишува, работи во тишина, а потоа прави паузи слушајќи музија, вежбајќи или едноставно престојува во природа. Но, кога работи релативно досадни задачи за него, како што е сметководството, тогаш пушта музика.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.