Еве зошто треба да ја јадете кората од бананите

Поголемиот дел од луѓето знаат дека кората од бананите е многу хранлива, но многумина сметаат дека нејзината единствена цел е да ја заштити меката внатрешност.

Кората од бананите е исклучително хранлива, под услов малку да се приготви.

По доброто миење, кората може да се исецка во блендер и во комбинација на други овошја да создаде прекрасен шејк.

Освен тоа на Интернет има голем број рецепти за подготовка на кората од бананите – од пржење до печење.

Еве и причини поради кои екпертите за исхрана советуваат кората од бананите да не се фрла, бидејќи содржи во дневни потреби:

-12 проценти од потребите за влакна, кои помагаат во варењето на храната

-17 отсто од потребниот витамин Ц, кој помага во јакнење на имуниот систем, раст и развој

-петина од потребниот витамин Б6, кој учествува во процесот на претворање на храната во енергија

-12 проценти калиум, кој помага во развој на клетките, ткивата и органите и е еден од главните електролити во организмот

-8 отсто магнезиум, кој учествува во создавањето енергија и регулирањето на крвниот притисок