сабота, 14 јануари 2017  |  Вести денес: 30

Еве зошто жените имаат проблем со доживување оргазам

seks2

Поврзани вести

Колку повеќе жените размислуваат за проблемите со постигнување на оргазам, толку потешко ќе им биде и самото доживување на оргазмот.

Дури 10% од жените никогаш во животот не доживеале оргазам, покажаа неколку истражувања, а како главни виновници експертите ги прогласија стресот, нервозата и стравот од препуштање во уживањето во сексот.

Секако, колку почесто жените размислуваат за тие проблеми, фрустрацијата расте и оргазмот станува се` понедостижен.

Но, добрата вест е дека на тоа може да се работи и да се промени, а што поголем труд се вложува, резултатите ќе бидат подобри, тврдат експертите за секс. За почеток е потребно да се испразни главата и да се фокусира на сексот што е можно повеќе.


Имено, покрај фактот што оргазмот е одлична работа и после него се чувствуваме прекрасно, тој воедно и го смалува нивото на стрес, ги ублажува симптомите на ПМС, ја ублажува болката и го продолжува животот.

Токму поради тие причини, експертите ја препорачуваат мастурбацијата како најдобар метод за спознавање на сопственото тело и можностите за уживање кои таа ги овозможува, за подоцна да го искористите тоа знаење во сексуалните односи со партнерот.

Најчитани вести