Евертон ги ангажира Мина, Гомеш и Бернардо

Последниот ден од преодниот рок во Англија најголема работа ја заврши Евертон, кој се засили со три одлични фудбалери.

Од Барселона во Евертон доаѓа колумбискиот бек Јери Мина за 30 милиони евра, кој блескаше на неодамнешното Светско првенство во Русија. Од Барселона на едногодишна позајмица го одбија и Португалецот Андреа Гомеш, кој не успеа да се наметне во каталонскиот гигант.

Најголемото засилување, пак, го добија бесплатно. Станува збор за 25-годишниот Бразилец Бернардо, кој откако пет сезони мина во Шахтјар од Донецк, следните четири години ќе ги помине во клубот од Ливерпул.

Претходно Евертон во своите редови ги доведе Браилецот Ричарлисон од Вотфорд и Лукас Диње од Барселона.