Евертон го преслуша очајниот Арсенал

Неделниот дерби натпревар помеѓу Евертон и Арсенал, заврши со убедлив триумф на домаќинот од 3:0.

Популарните „карамели” сега имаат само еден бод помалку од лондонскиот премиерлигаш, но Арсенал има одиграно и еден натпревар повеќе од Евертон.

„Ќе дадеме 100 отсто од нашите можности во преостанатите првенствени натпревари, но морам да кажам дека ќе ни биде пеколно тешко. Ќе се бориме за тоа четврто место на табелата. Мора да играме многу подобро на следните натпреари. Сите опции се во игра, Евертон е во добра позиција и ние сега зависиме од успехот на Евертон. Очекувам експресна реакција од моите фудбалери, само така ќе се искупиме за овој срамен пораз”, изјави по натпреварот менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер.

Минимална, но злато вредна победа од 2:1, во дуелот против секогаш незгодниот тим на Вест Хем, забележа тимот на Ливерпул кој и понатаму ја има пол позицијата кога е во прашање борбата за шампионската титула.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.