Евертон ја запечатува судбината на Сандерленд

Саботните натпревари од 34. коло во англиската Премиер лига се во длабока сенка поради утрешните натпревари кои најверојатно ќе дадат одговор и на прашањето кој тим е најблиску до шампионската титула.

Од тоа што е денеска на програма, убедливо најголема неизвесност и борба до последниот судиски свиреж се очекува на дуелот помеѓу екипите на Сандерленд и Евертон.

За домаќинот ова е можеби последна шанса да фати приклучок во борбата за опастанок, додека гостинот има обврска да слави на ова тешко гостување и на тој начин да биде уште поблиску до четвртата позиција на табелата која гарантира настап во последното квалификациско коло од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Слично, неизвесно сценарио, се очекува и во Бирмингем, каде домашниот тим на ВБА ќе се обиде да забележи позитивен резултат во дуелот со се подобриот тим на Тотенхем.

Денеска на програмата: Кристал Палас – Астон Вила, Фулам – Норвич, Саутемптон – Кардиф, Стоук – Њукасл, Сандерленд – Евертон, ВБА – Тотенхем.