Евертон рутински со грогираниот КПР

Синоќа се одигра последниот дуел од англиската Премиер лига, на кој Евертон на домашен терен славеше против Квинс Парк Ренџерс со 3:1.

Евертон уште по првиот имаше убедливо водство од 2:0, откако најпрво Рос Баркли постигна гол во 33-та минута, а потоа и Кевин Мираљаш стрелаше прецизно во 43-та минута.

Во вториот дел двата тима постигнаа по еден погодок, со што беа поставени конечните 3:1.

Со петтата победа оваа сезона Евертон стигна до нови три бода, а со вкупно 21 се наоѓа на 10 место на табелата, додека КПР со 14 бода е на 18-то место.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.