Спорт

Евертон сака убаво да го испоти Челзи

Евертон сака убаво да го испоти Челзи

Саботните натпревари од 27. коло во англиската Премиер лига, би требало да поминат во знакот на дерби пресметката на “Стемфорд Бриџ”, дуелот помеѓу лидерот на табелата, тимот на Челзи и убедливо најпријатното изненадување во досегашниот тек од сезоната, екипата на Евертон.

Гостинскиот менаџер, Роберто Маринез ќе ги нема на располагање услугите на најдобриот фудбалер, белгискиот интернационалец Ромелу Лукаку кој е во сопственост на Челзи и нема право за настап.
Од фаворитите за шампионската титула, убедливо најлесна задача би требало да имаат фудбалерите на Арсенал кои ќе се обидат да ја искористат предноста на домашниот терен во дуелот против апсолутниот аутсајдер, екипата на Сандерленд.

Обврска да слават во дуелот против новајлијата во елитното друштво, тимот на Кристал Палас имаат фудбалерите на Манчестер Јунајтед.

Денеска на програмата: Челзи – Евертон, Арсенал – Сандерленд, Кардиф – Хул, Манчестер С. – Стоук, ВБА – Фулам, Вест Хем – Саутемптон, Кристал Палас – Манчестер Ј.