Eвидентирани 80 бегалци во изминатите 24 часа – се обиделе илегално да ја минат границата

Во надворешниот шатор на ПТЦ Гевгелија изминативе 24 часа се евидентирани 80 бегалци кои се фатени во неколку обиди за нелегално минување на границата од Грција во Македонија и приведени од страна на граничната полиција, соопштија претставници на меѓународната организација за мигранти.

Најголем број од нив 39 се од Авганистан,11 се од Сирија, по тројца има од Мароко и Ирак, петорица од Пакистан, двајца од Тунис и 17 бегалци од Алжир.Половина од нив се бегалци кои доаѓаат од земји каде се водат воени дејствија,а половина се сметаат за економски мигранти кои тргнале во потрага по подобар живот во некоја од земјите на ЕУ.

Овие мигранти по извршената проверка од страна на безбедносните органи се враќаат на грчка територија од каде што влегле. Од регионалниот Центар за управување со кризи во Гевгелија, информираат дека во ПТЦ Гевгелија се сместени 120 бегалци останати по затворањето на балканската рута. Двајца од нив моментно се наоѓаат во болница во Скопје, а двајца во Невропсихијатриската болница во Негорци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.