Евклидис Цакалотос е нов грчки министер за финансии

Евклидис Цакалотос е нов грчки министер за финансии

Евклидис Цакалотос кој беше шеф на грчкиот тим за преговори со кредиторите денеска беше назначен за нов министер за финансии на местото на Јанис Варуфакис кој поднесе оставка. Тоа го јави грчката телевизија Скај.

Назначувањето на Цакалотос беше објавено по крајот на средбата на лидерите на политичките партии во парламентот која траеше седум часа.

Учесниците во моментот подготвуваат заедничка изјава и подоцна се очекува Цакалотос да даде заклетва како министер за финансии.

Од друга страна, грчкиот министер за одбрана Панос Каменос изјави дека три опозициски партии потпишале декларација за поддршка на премиерот Алексис Ципрас на преговорите за договор со кредиторите. Со тоа, Ципрас како поддршка има пет партии.

Каменос додаде дека поддршката ветува поголеми шанси на Атина за договор со европските и меѓународни кредитори.