Македонија

ЕВН донираше пакети со храна за верниците на ИВЗ

ЕВН донираше пакети со храна за верниците на ИВЗ

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, ЕВН Македонија реализира серија на донации за социјално ранливите категории на деца од повеќе градови во државата, а за социјално загрозените семејства донира пакети со прехранбени производи во верските заедници.

 ЕВН Македонија и Хуманитарната организација „Хилал“ која е во склоп на Исламската верска заедница денеска донираа прехрамбени продукти за над 800 социјално ранливи семејства. Донацијата ја поделија Поглаварот на Исламската верска заедница Ефенди Сулејман Реџепи и Портпаролот на ЕВН Македонија Атанас Ковачевски.

Поглаварот на Исламската верска заедница Ефенди Сулејман Реџепи изрази благодарност до ЕВН за подршка која ја дава конмпанијата на социјално загрозените семејства. „ Веќе традиционално ЕВН Македонија за големите празници е со верниците на ИВЗ, и за Рамазан и за Бајрам и за Нова година заедно со Хуманитарната организација Хилал донираат храна за социјално загрозените семејства, рече Поглаварот на ИВЗ Ефенди Сулејман Реџепи.

Со оваа донација ЕВН Македонија сака да им помогне на семјствата од социјално загрозените категории заеднички да ја подготват празничната трпеза и со своите пријатели да ја споделат радоста на празниците и да бидат дел од големата новогодишна прослава, рече Портпаролот на ЕВН Македонија  Атанас Ковачевски.