ЕВН изгради нов далекувод во Драчево

ЕВН Македонија ја изгради привремената нова делница од 110 кВ далекувод во Драчево.

Со ова го реши проблемот со снабдувањето со електрична енергија на корисниците од населбата.

За два дена се изградени двата портални дрвени столба со што се активира Трафостаницата Драчево 1 (110/10 кВ) и се обезбеди доволно енергија за сите корисници непречено да се снабдуваат, информираат од ЕВН Македонија.

ЕВН Македонија изготви техничко решение и го почна поставувањето на новиот решеткаст 110 кВ столб на местото на оштетениот од лизгање на земјиштето предизвикано од трети лица. Геолошките истражувања покажаа дека треба да се обезбеди нова посигурна локација за поставување на новиот столб.

Екипите на ЕВН ќе вложат максимални напори проектот да се реализира во најкус можен рок, во меѓувреме привремената мрежа ќе помогне да се избегне ограничувањето на потрошувачката во однапред одредени временски интервали.