ЕВН ќе награди пет најдобри маски инспирирани од детски книги

ЕВН Македонија ве поканува на маскенбалот организиран по повод денот на шегата 1 април и „Светскиот ден на книгата за деца“, 2 април.

Во ТЦ „Капитол мол“ во населбата Аеродром, на 1 април во 11 часот, ќе продефилираат над 150 маски инспирирани од ликови од книгите за деца.

За најкреативните пет маски ЕВН ќе обезбеди таблети со апликации за читање електронски книги.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.