ЕВН ќе помогне во проширувањето на улица „Цветан Димов“

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, имаше средба со Штефан Петер, претседателот на бордот на ЕВН и Харалд Дамерер, член на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

Целта на ова средба беше проширувањето на улица „Цветан Димов“, која треба да се проширува од двете страни и тоа почнувајќи од улица „Коста Абрашевиќ“ до улица „Стојна Стевкова“.

Ова ќе биде првиот дел од проширувањето на гореспомената улица.

Компанијата ќе помогне во овој голем градежен зафат, со дислокација на подземните електрични кабли, а овој зафат ќе чини 4 милиони денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.