EВН Македонија aктивен поддржувач на електротехничките насоки во образованието

ЕВН Македонија шести пат по ред, контуинирано го поддржува настанот „Денови на електротехниката“ што се одржува во просториите на СЕТУ „Михајло Пупин“. На овој натпревар имаат право на учество ученици од основните училишта на регионот на Скопје, обожаватели на наставниот предмет Физика и електротехничките науки.

1evn-640x434

Целта е да им се овозможи на новите генерации да ги докажат нивните вештини и да се мотивираат дека нивното знаење има каде да се развива и применува во практика.
ЕВН додели и подароци за сите учесници на натпреварот. На настанот се обрати Игор Гиевски, Член на Управен одбор на ЕВН Македонија.

 

„ЕВН Македонија со поддржување на овој посебен настан не само што ги мотивира младите, туку исто така им го покажува патоткон отворените можности за работа. Сакаме да ја зголемиме свеста кај младите и преку нив и кај сите граѓани дека на Македонија и се потребни кадри од електротехничката струка. Сигурни сме дека во земјава има голем капацитет на млади кои одлично би се пронаоѓале во електротехничката струка.Секој заслужува да го работи тоа што го сака, а ние сме тука да им го овозможиме тоа на љубителите на електротехничките науки“, рече Гиевски.

evn-1-640x574

ЕВН Македонија веќе неколку месеци го промовира проектот „20-20-20“. Во овој проект на дуално стручно образование и обука, предвидено е да се формира специјална паралелка во СЕТУ „Михајло Пупин“ во Скопје. Учениците на оваа паралелка преку наставните планови и програми и практичната работа, ќе можат директно да се вклучат во работниот процес уште за време на нивното средно образование, а за тие што ќе го завршат средното образование согласно претходно утврдените критериуми за успех ќе се овозможи вработување во ЕВН.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.