Македонија

ЕВН Македонија ги награди најдобрите маски инспирирани од детски книги

ЕВН Македонија ги награди најдобрите маски инспирирани од детски книги

ЕВН Македонија организираше маскенбал по повод денот на шегата 1 април и „Светскиот ден на книгата за деца“, 2 април.  Во ТЦ „Капитол мол“ во населбата Аеродром продефилираа над 150 маски инспирирани од ликови од книгите за деца. Најкреативните пет маски ЕВН ги награди со таблети со апликации за читање електронски книги.

2

Наградени беа маските Малефисент на Леа Христовска, Обеликс на Огнен Станоевски, Шеќерното Дете на Александар Србиноски, Силјан Штркот на Борис Пилатов, Итар Пејо на Петар Лазовски, Принцеза Деа на Деа Јаначковска и Фараон на Ратко Цукиќ. Посебни награди (пакет книги) за своите маски добија Матеј Смиљковиќ и Јована Димитрова, сите инспирирани од детските книги. Книги и други подароци добија сите учесници на маскенбалот.

3

– Основната цел која си ја зацртавме кога ги почнавме проектите за поддршка на македонската литература, авторите и образованието беше да го поттикнеме создавањето навика за читање книги. Ова денес ни покажува дека сме на вистинскиот пат. Скоро секое дете држи книга, инспирирано е да направи маски по омилените ликови од книгите, утре оваа книга ќе биде заменета со друга, а тоа е целта – да создадеме навика за читање кај најмладите“, рече Игор Гиевски, член на Управниот одбор на ЕВН.

4

Маскенбалот е инаку дел од едукативната програма за подобрување на читачките навики кај младата популација. Во рамки на овој проект, неодамна се отвори и првата читална во ОУ „Блаже Конески“, каде во организација на „Паблик“, се одржуваат едукативни работилници, а наскоро вакви катчиња ќе бидат отворени и во Струга и Битола.