Македонија,Економија

ЕВН Македонија ги промовира програмите за вработување на млади кадри

ЕВН Македонија ги промовира програмите за вработување на млади кадри

ЕВН Македонија и ова година е дел од деновите на образованието и кариера. На штандот на ЕВН Македонија на Скопски Саем, заинтересираните студенти имаат можност да се информираат за програмите за вработување на младите кадри кои ги спроведува компанијата.

До 12-ти април на саемскиот простор во Хала 2, ќе бидат промовирани практикансата работа, програмата за стипендирање и Trannies програмата за 2014 преку кои младите можат да се стекнат со работно и професионално искуство потребно за нивниот кариерен развој.

Заинтересираните студенти за овие програми можат да достават своја куса биографија и мотивационо писмо на штандот на ЕВН Македонија или на адреса:  praktikum@evn.mk.

ЕВН Македонија го поддржува образованиот процес во земјава и развојот на млади стручни кадри, затоа на студентите им нуди можност да стекнат практично знаење и искуство.