среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 33

ЕВН Македонија ги санира дефектите по големото невреме кое го зафати Скопје

evn_rekanski (2)

Поврзани вести

Екипите на ЕВН Македонија интензивно работат на санирање на дефектите во дистрибутивната мрежа настанати од големото невреме кое го зафати викендов северозападниот дел на Македонија.

Сите дефекти на среден и висок напон во тетовскиот, кичевскиот, велешкиот, битолскиот, охридскиот, кумановскиот и прилепскиот регион се санирани. Екипите сега работат на помали дефекти во нисконапонската мрежа.

Првите корисници од делот во скопскиот регион кој беше најпогоден од невремето веќе добија напојување. Неколку трафостаници во населбите Ченто, Маџари и дел од с. Инџиково се под напон и над 1500 корисници веќе имаат нормално снабдување со електрична енергијa. Екипите се постојано на терен и проверуваат дали има помали дефекти во нисконапонската мрежа.

evn-pomaga2

Се работи и на расчистување на теренот до енергетските објекти  во критичниот реон во с. Стајковци, Смиљковци, с. Сингелиќ, Илинден, пат за Арачиново и др. Како што ќе се создаваат безбедни услови за приклучување така ќе бидат вклучувани под напон и трафостаниците или улица по улица, корисник по корисник. Целиот регион досега беше без напојување од безбедносни причини за да не се создадат поголеми проблеми и да се доведат во опасност животите на луѓето кој работо на расчистување на штетите и граѓаните кои живеат во тој регион и штети дополнителни на имотите.

Невремето однесе повеќе бетонски столбови и направи големи штети на енергетските објекти во овој регион. Екипите на ЕВН ќе останат постојано на терен во најкритичниот регион и со над 60 електромонтери вклучувајќи и надворешни фирми партнери на ЕВН ќе работат заедно со полицијата, војската, волонтерите и другите јавни претпријатија на расчистување на последиците од невремето.

evn-pomaga3

ЕВН Македонија донираше агрегати со чија помош се обезбеди осветлување за една амбулната и други специфични објекти во кризниот регион, а донираше и парични средства на жиросметката на Црвениот крст за помош на граѓаните поплавените подрачја во скопскиот и тетовскиот регион.

Најчитани вести