Македонија

ЕВН Македонија и жителите на с. Грчец се договорија да се санираат дефектите и да се реконструира дистрибутивната мрежа

ЕВН Македонија и жителите на с. Грчец се договорија да се санираат дефектите и да се реконструира дистрибутивната мрежа

По повеќечасовни разговри меѓу ЕВН Македонија, претставници на с. Грчец и градоначалникот на општина Сарај  Беким Мурати надминати се проблемите околу реализацијата на проектот за реконструкција на дистрибутивната мрежа во с. Грчец. Жителите се согласија да не се попречува работата на екипите на ЕВН Македонија за санација на дефектите и докрај да се спроведе започнатата реконструкција на мрежата на ЕВН.

Со целосната реконструкција на старата мрежа ќе се воведе ред и целосна контрола во потрошувачката и ќе се подобри снабдувањето со електрична енергија. Со овој проект ќе се надминат проблемите во снабдувањето и дефектите кои се случуваа во ова населено место од прекумерна ( неконтролирана )  потрошувачка. ЕВН Македонија за целосно обновување на ниско напопнската мрежа инвестира 1 милон евра.  Ќе се заменат старите дрвени со нови бетонски столбови, старите со нови проводници со поголем пресек и ќе се постават нови мерни ормари и приклучоци за корисниците.

Инаку денеска повеќе часа траеше прекинот во снабдувањето со електрична енергија во с. Грчец и Чичино село, поради дефект во дистрибутивната мрежа од оптоварување на дел од енергетските објекти. Помала група на граѓани со напади врз екипите на ЕВН Македонија не дозволуваа да се санира дистрибутивната мрежа и да се заврши реконструкцијата која ЕВН Македонија ја реализира во овој реон.