ЕВН Македонија првонаградена за проектот „Идеја менаџмент“

ЕВН Македонија првонаградена за проектот „Идеја менаџмент“. Компанијата и оваа година беше дел од националната награда за најдобри општествено одговорни практики на претпријатијата.

ЕВН Македонија првонаградена за проектот „Идеја менаџмент“
ЕВН Македонија првонаградена за проектот „Идеја менаџмент“

За прв пат, компанијата аплицираше во категоријата „Етичко управување“ каде и го доби првото место за проектот „Идеја менаџмент“. Со добивањето на оваа награда, ЕВН Македонија станува прва компанија во Македонија што има освоено награда во сите пет категории на ова традиционално национално наградување.

Проектот „Идеја менаџмент“ подразбира воспоставување на систем во организацијата за управување со идеи кои што ќе влијаат на постојаното подобрување на интерните процеси и подобри услуги кон корисниците. Воспоставени се два извора за генерирање на идеи: внатрешен, односно идеи од вработените и надворешен каде што како придонесувачи се вбројуваат универзитети, истражувачки центри и други компании. Од ноември 2013 година досега, поднесени се повеќе од 100 идеи, од кои голем број се прифатени и имплементирани. Успехот на „Идеја менаџмент“ не се евалуира само по бројот на пристигнати и реализирани идеи, туку и од ефектот што имплементираната идеја го има во компанијата.

Нашите вработени се најдрагоцениот дел од компанијата. Тие се оние кои ја прават разликата во услугата. Исто така, тие се оние кои најдобро ги познаваат нашите интерни работни процеси, и како истите да ги оптимизираат со цел да се пресретнат потребите на нашите корисници уште подобро. Преку проектот “Идеја менаџмент” ние ги поттикнуваме вработените, без оглед на хиерархијата активно да придонесуваат во подобрувањето на транспарентен и брз начин. Со цел да им дадеме дополнителна иницијатива, компанијата обезбеди посебен буџет за наградување на прифатените идеи, изјави Штефан Петер, Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

Наградата за проектот „Идеја менаџмент“ не само што претставува поттик за Управниот одбор на компанијата да продолжи со стимулирање на вработените да учествуваат во подобрувањето на услугите кон корисниците и условите за работа, туку и да работи на развој на нови проекти и алатки за унапредување на етичкото управување.

Инаку, ЕВН Македонија досега на националното доделување на награди за општествена одговорност има добиено вкупно 6 први награди и тоа: 2 во категоријата вложување во заедницата, и по една во категориите односи на пазарот, етичко управување, односи со вработени и животна средина. Дополнително, ЕВН Македонија низ годините има добиено и специјални признанија за 6 различни општествено одговорни проекти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.