ЕВН Македонија ја стави под напон целата дистрибутивна мрежа во кризниот скопски регион (ФОТО)

ЕВН Македонија ја заврши првата фаза од санацијата на дистрибутивната мрежа во скопскиот регион најпогоден од поплавите. Сите трафостаници во населените места кои најмногу страдаа од големото невреме се под напон и сите корисници можат да се приклучат на дистрибутивната мрежа. И покрај можноста да бидат приклучени под напон уште десетици корисници чии домови се под вода и кал, остануваат без електрична енергија, бидејќи во моментов не е безбедно, информираат од ЕВН.

И во населбата Илинден, трафостаниците кои беа под вода се веќе исчистени и ставени под напон.

evn.jpg9

Следната фаза која ЕВН Македонија  ја почнува во овој регион е чистење на мерните ормари од кал и нивно сушење од влага, како и замена на оштетените броила, столбови и друга енергетска опрема.

evn.jpg10

Ќе се заменат сите оштетени енергетски објекти и ќе се реконструира во целост дистрибутивната мрежа на трошок на компанијата.

evn.jpg8
Екипите на ЕВН Македонија и натаму ќе останат да работат на терен во координација со локалната самоуправа,  владиниот и градскиот кризен штаб.

evn.jpg7

Од ЕВН апелираат корисниците во регионот каде се санира мрежата ништо да не преземаат на своја рака и за се што е потребно околу инсталациите и енергетската опрема да се во координација со екипите на ЕВН.

evn.jpg6

evn.jpg4

evn.jpg2evn.jpg1

evn