четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 0

ЕВН Македонија првонаградена за „Поттикнување на читачките навики”

Проектот започна со реализација во декември 2014 година и се реализираше во текот на целата 2015 година. Идејата се роди од потребата за промоција на новата услуга на ЕВН – електронска фактура.

3

Последни вести

Проектот за поттикнување на читачките навики на ЕВН Македонија ја доби првата награда за општествено најодговорна практика за 2015 година во категоријата вложување во заедницата. Во оваа категорија традиционално има  најголема конкуренција на националното доделување на награди за општествено одговорни практики, кое и оваа година се организира под покровителство на Министерството за економија.

Системскиот и иновативниот пристап кон креирањето на читачки навики е главната карактеристика на наградениот проект на ЕВН Македонија. Проектот започна со реализација во декември 2014 година и се реализираше во текот на целата 2015 година. Идејата се роди од потребата за промоција на новата услуга на ЕВН – електронска фактура. Заштедата на хартија која корисниците ја остваруваа со пријавувањето за електронска наместо печатена фактура за електрична енергија, ЕВН ја преточи во три збирки раскази, од вкупно 14 домашни автори кои дотогаш немале прилика да ги објават своите дела, со тираж од над 3.000 примероци. Со ова се заокружи првата фаза од проектот, позната во јавноста како „Создади книга“.

Во втората фаза, проектот ги опфати и најмладите како целна група. Отворени беа 3 модерни читалници во Скопје, Битола и Струга во кои се реализираа работилници за поттикнување на читачките навики и креативноста кај децата преку интерактивни и современи методи. Покрај работилниците во кои учествуваа над 200 деца, во рамките на проектот беа организирани повеќе настани и тоа: првоаприлски маскембал за деца инспириран од ликови од книги, ноќно читање по повод Часот на планетата Земја, промоција на Саемот за книга и отворени денови во читалниците. Проектот беше реализиран со мноштво на партнери од граѓанскиот и приватниот сектор, како и локалната власт. Резултатите од проектот се позитивни, а како трајна вредност остануваат издадените книги, но и читалниците за користење на локалните заедници во Скопје, Битола и Струга.

Инаку, оваа година ЕВН го прославува 10 годишниот јубилеј од влегувањето во Македонија. Во изминатите 10 години, компанијата постепено и стратешки го развиваше сегментот на општествената одговорност. Досега, ЕВН Македонија е наградена дури 14 пати на националното доделување на награди за општествено одговорни практики, во сите 5 различни категории, со што е една од најнаградуваните компании во Македонија.

Најчитани вести