ЕВН Македонија со донација за настраданите во тетовско

ЕВН Македонија со донација за настраданите семејства во поплавите кои го зафатија тетовскиот регион.

ЕВН Македонија со донација се вклучи во акцијата на Црвениот Крст за помош на најпогодените од невремето и поплавите во тетовскиот регион. Во текот на денешниот ден и во понеделник, со помош на Црвениот Крст, ЕВН Македонија на жителите од тетовскиот регион, покрај вода за пиење ќе им достави средства за чистење и дезинфекција, неопходни за нивно повторно враќање во поплавените домови.

Нормализирано снабдувањето со електрична енергија во тетовско

Силното невреме кое го зафати тетовскиот регион во неделата предизвика големи штети и на електродистрибутивната мрежа. Паднати столбови, скинати кабли и непристапен терен беа предизвиците со кои екипите на ЕВН Македонија се соочија на терен. Со зголемени капацитети и деноноќни напори, тие успеаа да го нормализираат снабдувањето со електрична енергија во целиот тетовски регион. Најкритично беше во селото Шипковица, каде во дефект беа три трафостаници. Сите корисници од регионот сега имаат непречено снабдување со електрична енергија.

Најпотребни вода за пиење и средства за дезинфекција

На жителите на тетовскиот регион, поради поплавите кои ги зафатија нивните домови, покрај вода за пиење, потребни им се и средства за дезинфекција за повторно оспособување на домовите за нормален живот. ЕВН Македонија својата донација ја достави во магацинот на Црвениот Крст во Момин Поток, од каде се дистрибуира до загрозените подрачја. ЕВН Македонија ги повикува и останатите претставници од бизнис секторот да се придружат на оваа донаторска акција, стои во соопштението.

Оттаму потенцираат дека екипите на ЕВН Македонија остануваат подготвени за справување со идни предизвици.

 

Каде можете да донирате

pena-tetovo2_2015832391Заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош:

-Сметка на Фонд на солидарност300000001327966 ДБ 4030984271620– Комерцијална банка

-Донирање на 100 денари со повик на телефоните 075/070/078 143 400

Црвениот крст на РМ следејќи ги случувањата на терен, донираните парични средства ќе ги насочи наменски за помош на настраданото население од поплавите.

За обезбедената и дистрибуирана хуманитарна помош, јавноста ќе биде навремено и соодветно информирана, велат од Црвениот крст на РМ.

 

 

Во поплавите кои беа предизвикани од поројните дождови во тетовско животот го загубија пет лица, а се уште се трага по исчезнатото шестгодишно девојче.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.