Македонија

ЕВН со признание за долгогодишна поддршка на Црвениот Крст

ЕВН со признание за долгогодишна поддршка на Црвениот Крст

Како претставник од бизнис секторот што има дадено значаен придонес за унапредување на општеството, ЕВН Македонија беше наградена со јубилејна плакета по повод одбележување на 70 години од формирањето на Црвениот крст на Република Македонија.

ЕВН Македонија е долгогодишен партнер на Црвениот крст и досега реализирани се повеќе проекти од областа на општествената одговорност, особено во доменот на грижата за старите лица, развој на загрозени локални заедници и активности за поддршка на социјално загорозените деца.

Јубилејната плакета ја прими г-дин Штефан Петер, Претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.