ЕВН за една една година ќе изгради нови соларни електрани со капацитет од 10 мегавати

Во текот на изминатите 12 години ЕВН Македонија има инвестирано повеќе од 370 милиони евра во изградбата на нова и реконструкција на постојната дистрибутивна мрежа. Ова лето, ќе бидат инсталирани 40 полначи за електрични автомобили во сите поголеми градови во Македонија. За деловните корисници ЕВН нуди услуги за управување со енергијата и наменски фотоволтаични решенија по принципот клуч на рака. За нашите 700.000 корисници – домаќинства ЕВН неодамна отвори нов Инфо центар и ги прошири своите е-услуги, вели во интервју за неделникот Капитал, Штефан Петер претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

ЕВН Македонија останува лидер на пазарот кога станува збор за услуги за електрична енергија. Бидејќи цените за фотоволтаичните модули значително се намалија, добивме се повеќе и повеќе барања од нашите деловни корисници дека сакаат да инвестираат во тоа производство на енергија. Но, тоа е комплексен бизнис. Одговорот е во вистинскиот дизајн, соодветната точка на напојување, квалитетот на технологијата и, да не заборавиме, лиценцата. ЕВН го нуди сето ова одеднаш. Специјално решение по принципот клуч на рака. Им понудивме на нашите клиенти повеќе од 10 мегавати во нови сончеви централи и сме подготвени да ги конструираме сите во рок од една година. Ние цврсто веруваме дека обновливите извори како сончевата енергија ќе треба да играат важна улога, особено во Македонија со сончеви региони кои нудат 240 дена годишно. Доколку се додаде аспектот на животната средина, не постои дилема дека иднината е токму во обновливата енергија, иако не може комплетно да го замени конвенционалното производство“, вели Петер.

Оваа услуга ќе биде достапна и за граѓаните, овјаснува Петер.

 Оваа можност доаѓа со новиот закон за енергетика. Потоа, и потрошувачите во категоријата домаќинства ќе можат да произведуваат електрична енергија, на пример со фотоволтаици на нивните покриви без да аплицираат за лиценца. Исто така, ќе нудиме стандардизирани решенија по принципот клуч на рака, вклучително и сите пресметки. Значи, нашите корисници ќе знаат за нивните инвестициски трошоци и, се разбира, за заштедите на неискористеното производство на електрична енергија и вишоците пред да одлучат да инвестираат. Ние веќе продадовме илјадници такви решенија на нашиот домашен пазар во Австрија. Патем, за такви инвестиции приватните лица можат да добијат субвенционирани кредити, вели тој.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.