Евра, денари, долари и злато украдено од куќа во Битола

Денари, евра, австралиски долари и златен накит украл арамија од куќа во Битола откако во рано наутро влегол преку дрвена врата.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи вчера, од шест до девет утрината, арамија провалил во домот на 73-годишиот П.Н. во Битола на улицата Солунска.

Арамија успеал да влезе преку незаштитена  дрвена врата,а  откако ги пребарал собите, одземал пари во различни валути и разновиден златен накит, причинувајќи штета од 250.000 денари.

Со парите и златото арамијата избегал во непознат правец, а полицијата трага по него.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.