Евра, накит и пиштол украдени од стан во Аеродром

 

Евра, накит и пиштол украл арамија од стан во скопски Аеродром пред два дена.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека пред два дена се случила тешка кражба во станот на 63-годишната Ф.Ѓ. и една година постариот Д.Ѓ. лоциран на улицата  Коста Новаковиќ во скопската населба Аеродром.

Арамијата успеал со погоден предмет да ја отвори вратата од балконот и да влезе во станот. Откако ги пребарал собите, украл 1.000 евра, разновиден златен накит и пиштол.

Арамијата со плен од околу 2.000 евра избегал во непознат правец, полицијата превзема мерки за негово откривање.