Евра не откри дали има договор со Интер

Заменик-капитенот на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра, не даде конкретен одговор на прашањето дали во новата клупска сезона ќе го носи дресот италијанскиот калчо гигант Интер.

“Мене ми е убаво во Манчестер, убаво ми е на “Олд Трафорд”. Кога ќе добијам впечаток дека моето искуство повеќе не му е потребно на овој клуб, тогаш ќе ја сменам клупската средина, ќе прифатам нова авантура. Мојата иднина? Не мислам на мојата иднина, јас живеам во сегашно време, фокусиран сум само на мојот клуб”, изјави Евра.