Спорт

Евра се ќе признае за две недели

Евра се ќе признае за две недели

Заменик капитенот на се уште актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра откри дека за две недели ќе откри каде ќе настапува во новата клупска сезона.

Репрезентативецот на Франција на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер, а се погласни се шпекулациите дека офанзивниот бек ќе замине од “Олд Трафорд” и ќе ја прифати одличната понуда на францускиот прволигаш Монако.

“За две недели ќе ја донесам конечната одлука, за две недели ќе одлучам кој ќе биде следниот чекор во мојата кариера. Не сакам да ширам некакви шпекулации. Знам дека постојано се пишува за мојата иднина, истовремено се пишува дека ќе останам во Мачестер и дека ќе си заминам од “Олд Трафорд”. Во овој момент, нема ништо конкретно, а мојот агент во следните неколку дена ќе има состанок со челниците на Манчестер Јунајтед. Прво сакам да заврши актуелната сезона, но сите знаат колку го сакам Јунајтед. На крајот од актуелната сезона ќе кажам дали останувам во Манчестер или ја менувам клупската средина”, изјави Евра.