Еврејка докторираше во Германија на 102 години

Неонатологот Ингеборг Силм-Рапопорт, на која нацистите пред 77 години не и дозволиле усно да ја брани дипломската работа затоа што по мајка е Еврејка, вчера на хамбуршкиот Унвиерзитет и беше врачен докторат, со што стана најстариот доктор по науки во Германија, на возраст од 102 години.

Ингеборг Рапопорт минатиот месец усно ја одбрани дисертацијата пред тројца експерти во нејзиниот дом во Берлин, а Универзитот во Хамбург по повод свеченото доделување на докторатот соопшти дека „не може да ја поништи неправдата која ја претрпела“.

Деканот на Медицинскиот факултет  Уве Кох-Громус рече дека Инбеборг Рапопорт на усниот испит минатиот месец „била брилијантна, не само за нејзината возраст“.

– Бевме импресионирани со нејзината интелектуална свест и нејзината стучност не остави без текст, додаде Кох-Громус, јавија агенциите.

Ингеборг Рапопорт бегајќи од нацистите во 1938 година емигрирала во САД, каде дипломирала и работела како педијатар пред 1952 година во ерата на „лов на вештерки“ во време на сенаторот Џорџ Макарти со сопругот се вратила во Источен Берлин.

Во Берлин со години работела како раководител на одделението на неонатологија во болницата Шарите.