Евроазијската економска унија преговара со Србија за зони на слободна трговија

Совтникот на рускиот претседател Владимир Путин, Јуриј Ушаков ијави дека Евроазијската економска унија(ЕАЕУ), предводена од Русија преговара со Србија за формирање на зони на слободна трговија и преференцијални спогодби.

Освен со Србија, се преговара и со Израел и Сингапур.

Слични разговори се планираат во блиска иднина и со Египет и Индија, изјавил Ушаков.

Тој додаде дека ЕАЕУ ќе потпише спогодба за трговска и економска соработка со Кина и привремена спогодба за формирање на зона на слободна трговија со Иран на 17 мај во Астана, пренсе ТАСС.

Во Евроазиската економска унија денеска членуваат Русија, Казахстан, Белорусија, Киргистан и Ерменија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.